Свет блокирање на патот кон мирот

Стармер ја повторува поддршката за Украина на четвртата годишнина од инвазијата

Тие се уште се 40 отсто повисоки отколку што беа порано. Значи, секое семејство го чувствува тоа“, рече тој.

Стармер ја повторува поддршката за Украина на четвртата годишнина од инвазијата

Британскиот премиер Кир Стармер денеска вети дека ќе застане покрај народот на Украина „колку што е потребно“, критикувајќи го рускиот претседател Владимир Путин за блокирање на патот кон мирот.

Премиерот го искористи обраќањето пред кабинетот на четвртата годишнина од инвазијата на Путин врз неговиот сосед за да ја пофали „неверојатната отпорност“ на Украина.

„Ова не е конфликт далеку од Обединетото Кралство. Станува збор за нашите вредности на слободата, демократијата и правото на една земја сама да одлучи што прави, што е демократија и суверенитет“, рече Стармер.

Влијанието на војната се чувствуваше во домаќинствата низ Велика Британија поради скокот на цените на енергијата по инвазијата, рече тој.

„Тие се уште се 40 отсто повисоки отколку што беа порано. Значи, секое семејство го чувствува тоа“, рече тој.

„И како и кога ќе заврши овој конфликт ќе влијае на сите во Обединетото Кралство многу долго време, затоа е толку важно да се осигураме дека станува збор за праведен и траен мир“, нагласи Стармер и додаде дека „Путин е тој што стои на патот“ на тој исход. (МИА)

To top