Свет

Стано: Европските избори не влијаат на работата на Лајчак

Стано: Европските избори не влијаат на работата на Лајчак

Транзицискиот период во ЕУ, од Евроизборите, до конституирањето на новите институции на Унијата, нема никакво влијание врз работата на Канцеларијата на специјалниот претставник на блокот за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави денеска главниот портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Ангажманот на Лајчак трае и ќе продолжи и во наредните месеци. Тој е целосно ангажиран во интеракција со партнерите во регионот, во ЕУ и на меѓународната сцена, во обид да се придвижи процесот и да им се помогне на страните во решавање на проблемите еден по еден, со приоритет за итна имплементација на т.н. Охридски договор, нагласи Стано во одговор на новинарско прашање дали ЕУ размислува за продолжување на мандатот на Лајчак поради „застојот“ во неговата работа за време на „транзицискиот период“.

На прашање кога може да се очекува нова рунда преговори во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, Стано нагласи дека ЕУ секогаш однапред ги најавува овие разговори, но дека во моментов нема закажано никаква средба во овој формат.

Лајчак во април беше именуван за евроамбасадор во Швајцарија, функција што треба да ја преземе кон крајот на летото.

Најнови вести од Свет

To top