Марк Руте e во својата прва посета на Киев како генерален секретар на НАТО.
Тој ја повтори посветеноста на Алијансата за украинската безбедност и го потврди ветувањето дека државата ќе стане членка во иднина.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика западните сојузници итно да обезбедат поголема воена поддршка.
И денеска Русите погодија зграда во Харков, каде има десетина повредени. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.