Свет

Советот на ЕУ му го продолжи мандатот на Лајчак

Советот на ЕУ му го продолжи мандатот на Лајчак

Советот на Европската унија му го продолжи мандатот на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, до јануари следната година.

Како што јави радио Слободна Европа, одлуката била донесена на состанокот на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одржан на 4 јули.

Продолжувањето на мандатот на Лајчак доаѓа на барање на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

За наследникот на Лајчак ќе одлучува наследникот на Борел, а за таа функција е предложена естонската премиерка Каја Калас.

За да се потврди нејзината позиција, потребна е согласност од Европскиот парламент, кој гласа за структурата на новата Европска комисија.

To top