Свет ДОСИЕ

Сопственикот на барот во Кран-Монтана има криминално досие за подведување во Франција

Сопственикот и управител на барот во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што во пожар за време на новогодишната ноќ животот го загубија 40 лица, ѝ е познат на француската правда по претходни дела поврзани со подведување.

Жак Морети, по потекло од Корзика, кој заедно со својата сопруга Џесика е под истрага во Швајцарија за убиство од небрежност, веќе отслужил затворска казна во 2005 година за кривични дела извршени пред дваесетина години. Француските сопственици го презеле барот во 2015 година и извршиле обемни реновирања, кои сега се предмет на истрагата заедно со евентуалната одговорност на локалната општина.

Во трагичниот пожар загинаа 40 лица на возраст од 14 до 39 години, од кои половината се малолетници, а 116 лица се повредени. Во несречата животот го загуби и еден македонски државјанин. Според официјалните податоци на властите, меѓу жртвите има 22 Швајцарци и 18 странци, од кои деветмина се француски државјани. Меѓу повредените, покрај домицилното население, регистрирани се и 23 Французи и 12 Италијанци.

Обвинителството во Париз соопшти дека отворило сопствена истрага со цел да им пружи поддршка на француските семејства и да соработува со швајцарските власти во расветлување на случајот.

В петок во Кран Монтана ќе се одржи комеморативна церемонија во чест на жртвите, на која е најавено присуство и на францускиот претседател Емануел Макрон.

To top