Сириската армија денеска соопшти дека соборила неколку израелски ракети лансирани од Голанската висорамнина, чија цел бил јужен Дамаск, објави сириска државна новинска агенција, цитирајќи воен извор.
Претходно, во текот на ноќта, медиумите јавија за експлозија во околината на Дамаск.
Израел не потврди дека извршил напад врз Дамаск.
Светските агенции наведуваат дека од почетокот на нападот на палестинската милитантна група Хамас на југот на земјата на 7 октомври, Израел ги зголемил нападите врз позициите на милициите во Сирија поддржани од Иран, како и врз позициите на сириската противвоздушна одбрана.