Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се предвидува воените регрути, кои служат во двегодишната војна против Русија, да бидат префрлени во резерва во следните два месеци.
Со тоа ќе им се овозможи одреден одмор за воениот персонал кој бил ангажиран во армијата и пред руската инвазија во февруари 2022 година.
Според Зеленски потребни се неколку недели за подготвителни процедури, за замена на поединци во одбранбените задачи, а од април регрутите ќе бидат префрлени во резерва. (МИА)