Свет Загадување

Смогот во Њу Делхи предизвика предвремен зимски одмор за учениците

Загадувањето на воздухот е генерално полошо во зима, а кога е особено лошо, училиштата честопати се затворени.

Смогот во Њу Делхи предизвика предвремен зимски одмор за учениците

Силниот и постојан смог во главниот град на Индија ги натера властите да одлучат зимскиот одмор на учениците од основните училишта да почне од денеска и да трае до крајот на следната недела со цел да ги заштитат од загадување.

Зимскиот одмор обично е во јануари, но децата сега ќе одат на одмор од денеска до крајот на следната недела, соопшти Владата, што значи дека ќе поминуваат повеќе време дома и помалку надвор.

Загадувањето на воздухот е генерално полошо во зима, а кога е особено лошо, училиштата честопати се затворени.

Покрај забраните за палење на посевите, земјоделците во соседните држави околу и во Њу Делхи ги палат остатоците од нивните култури за да можат повторно брзо и евтино да одгледуваат култури, предизвикувајќи загадување. Дополнително, фактор се и издувните гасови од автомобилите, индустријата и прашината од градилиштата и согорувањето на отпадот.

Сепак, многу луѓе во главниот град не го гледаат загадувањето на воздухот како главен проблем. Следниот викенд се одржува и важниот хинду Фестивал на светлата Дивали, кој многу луѓе го слават со огномет и покрај загадениот воздух.

Загадувањето на воздухот во и околу Њу Делхи е меѓу најголемите во светот и моментално неколку пати е повисоко од границите што Светската здравствена организација (СЗО) ги смета за прифатливи. Загадувањето предизвикува многу негативни здравствени ефекти, вклучително и предвремени смртни случаи.  (МИА)

To top