Свет „Прогресивна Словачка“

Словачките опозициски партии ќе бараат гласање недоверба на владата на премиерот Фицо

Барањето за недоверба се поднесува откако премиерот Фицо минатиот месец отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Словачките опозициски партии ќе бараат гласање недоверба на владата на премиерот Фицо

Словачките опозициски партии ќе бараат гласање недоверба на владата на премиерот Роберт Фицо, изјави денеска лидерот на најголемата словачката опозициска партија „Прогресивна Словачка“ , Мичел Симечка, цитиран од британските медиуми.

Барањето за недоверба се поднесува откако премиерот Фицо минатиот месец отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

-Роберт Фицо ја заборава Словачка. Наместо да биде во својата земја и да работи на решавање на проблемите, тој патува низ светот и им се поклонува на диктаторите, рече Симечка  на прес-конференција. (МИА)

To top