Свет Германски ЗДФ

Сирски: Украина се „префрли“ од офанзивни операции на стратешка одбрана

„Се е засновано на фактот дека мораме да ја завршиме војната со достигнување на нашите граници. Други опции не се разгледуваат бидејќи едноставно немаме друг излез“, рече тој.

Сирски: Украина се „префрли“ од офанзивни операции на стратешка одбрана

Украина се „префрли“ од офанзивни операции на стратешка одбрана, изјави генералот Олександар Сирски за германски ЗДФ во интервју објавено во вторникот.

Интервјуто е снимено неколку дена пред претседателот Володимир Зеленски да го назначи Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, на местото на сменетиот генерал Валериј Залужни.

„Војната влегува во нова фаза. Се префрливме од офанзивни операции на одбранбени операции со цел да го исцрпиме непријателот и да му нанесеме максимални загуби, користејќи ги нашите утврдувања, нашите технички предности, беспилотни летала, системи за електронско војување и подготвена одбранбена линија“, рече Сирски.

Тој додаде дека вооружените сили на Украина се свртеа кон воздушни, па дури и копнени беспилотни летала за да ги спасат животите на војниците.

„Би сакал да ја напуштам позицијата, но нема да дозволам губење на луѓе“, рече тој.

Сирски вели дека Русија „не ги цени“ животите на своите војници, што се гледа во тоа што нејзините загуби се седум-осум пати поголеми од украинските – според проценките на Киев.

Во интервјуто за ЗДФ, Сирски вели дека Украина треба да го зголеми производството на домашно оружје и муниција за да се компензира евентуалната загуба на странска поддршка. Киев стана речиси целосно зависен од САД и НАТО, кои во изминатите две години префрлија повеќе од 200 милијарди долари во оружје, опрема и муниција во Украина.

Генералот потврди и дека Киев сè уште верува дека достигнувањето до границите на Украина од 1991 година е главен услов за победа.

„Се е засновано на фактот дека мораме да ја завршиме војната со достигнување на нашите граници. Други опции не се разгледуваат бидејќи едноставно немаме друг излез“, рече тој.

Москва повеќе пати нагласи дека признавањето на Крим, Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон како дел од Русија е предуслов за какви било мировни преговори.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top