Сириските бунтовници во напуштената резиденција на сирискиот претседател Башар ал Асад, ја пронајдоа неговата колекција луксузни автомобили, објави лондонски „Телеграф“.
На видеата објавени на платформата „Икс“ може да се забележат борци и цивили како влегуваат во напуштената претседателска палата, ги ограбуваат работите на Асад и се сликаат на неговата маса.
На снимката се гледа дека во просториите на претседателската палата останал малку мебел, а портретот на Асад е фрлен на подот.
Видлив е и голем хангар исполнет со автомобили вредни милиони евра, вклучувајќи „Ферари“, „Астон Мартинс“, „Ролс Ројс“, „БМВ“ и „Мерцедес“.
Претседателската палата вклучува три шесткатни згради со вкупна површина од 510.000 квадратни метри. (МИА)
Setelah pemerintahan Bashar Al Asad jatuh & kabar nya dia melarikan diri ke luar negri , rakyat Syria berbondong bondong masuk ke istana presiden dan menjarah isi nya .
Sementara ratusan tentara Syria sudah menyerah kepada oposisi . pic.twitter.com/ljmHuCKEjR— liaa🇲🇨 (@liaasister) December 8, 2024