Свет Сирија

Сириски власти: Израелското бомбардирање е „флагрантно кршење на суверенитетот“

Во соопштението, сириското Министерство за надворешни работи „го осуди продолжувањето на израелската агресија на сириска територија“, особено „опасната ескалација“ во која, како што се наведува, загинаа „шест цивили во провинцијата Дара“.

Сириски власти: Израелското бомбардирање е „флагрантно кршење на суверенитетот“

Сириските власти денеска објавија дека израелското бомбардирање претставува „флагрантно кршење на суверенитетот“ на Сирија.

Израелската армија тврди дека „терористите отвориле оган врз позициите на нејзините војници од соседна јужна Сирија“.

На тоа „војниците возвратија, а воздухопловните сили ги нападнаа терористите“, соопшти израелската армија.

Во соопштението, сириското Министерство за надворешни работи „го осуди продолжувањето на израелската агресија на сириска територија“, особено „опасната ескалација“ во која, како што се наведува, загинаа „шест цивили во провинцијата Дара“.

Министерството за надворешни работи во Дамаск го осуди „флагрантното кршење на националниот суверенитет“. (МИА)

To top