Сириската армија најави дека денеска ќе отвори коридор за евакуација на цивилите од подрачјето на покраината Алепо откако се интензивира судирот помеѓу владините и курдските сили во истоимениот град.
Цивилите ќе можат да се евакуираат низ „хуманитарен коридор“ од девет до 17 часот.
Евакуацијата на цивилите може да се протолкува и како најава на сириските сили за офанзива врз градовите Деир Хафер и Маскана и околните области, околу 60 километри источно од градот Алепо.
Армијата исто така, ги повика Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите и другите вооружени групи, да се повлечат на источниот брег на реката Еуфрат.