Свет СДФ се повлекоа од градот

Сириската армија ја презеде контролата врз градот Деир Хафер

Повлекувањето на СДФ уследи откако претседателот на Сирија, Ахмед ал Шаара со декрет ги призна националните права на Курдите, а курдскиот јазик, покрај арапскиот, стана официјален јазик.

Сириската армија ја презеде контролата врз градот Деир Хафер

Армијата на Сирија соопшти дека презела целосна контрола над градот Деир Хафер, што се наоѓа источно од Алепо.

Сириската армија ја презеде контролата врз Деир Хафер откако претходно курдските Сириските демократски сили (СДФ) се повлекоа од градот, каде изминатите денови имаш судири.

Повлекувањето на СДФ уследи откако претседателот на Сирија, Ахмед ал Шаара со декрет ги призна националните права на Курдите, а курдскиот јазик, покрај арапскиот, стана официјален јазик.

Ал Шаара наведе дека Курдите се составен дел од Сирија кои се децении биле маргинализирани и угнетувани од претходните влади.

Во сириската провинција Алепо минатата недела избувнаа судири помеѓу сириската армија и СДФ, при што загина 23 лица, а повеќе од 150.000 луѓе го напуштија градот.

Сириската Влада и СДФ, кои го контролираат североисточниот дел на земјата, минатата година повеќе месеци преговараа за интеграција на курдските воени и цивилни тела во сириските државни институции до крајот на 2025 година, но постигна мал напредок. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top