Шефот на египетската дипломатија, Самех Шукри, денеска телефонски му соопштил на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека актуелната израелска воена операција во Појасот Газа, а особено во пограничниот град Рафа, создава „сериозни безбедносни ризици“, јавија британските медиуми.
Шукри во телефонскиот разговор со Блинкен ја истакнал и потребата од обновување на испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа.
Двајцата разговараа и за израелското заземање на граничниот премин Рафа од палестинска страна, се додава во соопштението на египетското Министерство за надворешни работи.