Свет

Што досега се знае за судбината на шефот на Хамас, Јахја Синвар?

Откако израелската војска соопшти дека се обидува да ја потврди смртта на Синвар, министерот за одбрана Јоав Галант рече дека Израел „ќе го гони секој терорист и ќе го елиминира“.

Што досега се знае за судбината на шефот на Хамас, Јахја Синвар?

Израел  соопшти дека проверува дали го убиле шефот на Хамас, Јахја Синвар, што би било огромен удар за палестинската милитантна група по повеќе од една година борби во Газа.

Ова се фактите шпто досега се знаат за судбината на човекот кој Израел го обвинува дека го организирал нападот на 7 октомври 2023 година, што го  предизвика конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Израелската војска попладнево соопшти дека „тројца терористи се елиминирани“ за време на операции во Газа и дека разузнавачки агенции проверуваат дали еден од нив е Синвар.

Во соопштението не е прецизирано кога, каде и како се убиени трите лица.

„Во зградата каде што беа елиминирани терористите, немаше знаци за присуство на заложници во областа“, се вели во военото соопштение, мислејќи на киднапирани за време на нападот на 7 октомври.

Телевизијата Ал-Арабија со седиште во Дубаи јави дека операцијата била во регионот Рафа во јужна Газа.

Израелската информативна веб-страница Ynet објави дека до телата биле пронајдени пари и документи за идентификација.

Израелскиот левичарски весник „Хаарец“ објави дека војниците вклучени во операциите не се чини дека вршеле целен напад и немале претходна разузнавачка информација за присуството на Синвар во областа.

Непроверените фотографии што кружат на интернет покажаа дека израелските војници кружат околу телото покриено со прашина на маж кој личи на Синвар, кој се чини дека претрпел тешка и крвава повреда на главата.

Официјален претставник на израелската безбедност изјави дека војската прави ДНК тест за да потврди дали се работи за Синвар.

Во соопштението објавено пред малку, израелската полиција и војска соопштија дека еден од неколкуте тестови е завршен, додека другите испитувања се во тек.

Не  е јасно колку време ќе траат финалните тестови.

Израелскиот јавен радиодифузер Кан 11 и Хаарец цитираа официјални лица кои велат дека е голема веројатноста Синвар да е загинат.

Откако израелската војска соопшти дека се обидува да ја потврди смртта на Синвар, министерот за одбрана Јоав Галант рече дека Израел „ќе го гони секој терорист и ќе го елиминира“.

Неговата објава на X беше придружена со фотографии од шефот на Хезболах Хасан Насрала, кој Израел го уби во напад во Бејрут минатиот месец, и воениот шеф на Хамас, Мохамед Деиф, кој Израел рече дека го убил претходно оваа година, иако палестинската група не го потврди тоа.

Засега од Хамас нема реакција на информацијата дека Синвар можеби е убиен.

САД не дадоа никаква потврда, но официјален претставник изјави дека претседателот Џо Бајден бил информиран во Air Force One додека бил на пат за Берлин. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top