Свет Мадрид

Шпанскиот премиер Санчез се повлекува откако е отворена истрага против неговата сопруга

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од таа чест“, објави тој преку социјалната мрежа Х.

Шпанскиот премиер Санчез се повлекува откако е отворена истрага против неговата сопруга

Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека се повлекува од јавните должности бидејќи морал „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да ја води владата откако суд во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција.

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од таа чест“, објави тој преку социјалната мрежа Х.

Синдикатот Манос Лимпиас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачи во јавни тендери и дека имала корист од тоа. Судот претходно објави дека отворил истрага, без да даде детали.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.

Најнови вести од Свет

To top