Израелската војска во четвртокот вечерта објави дека шест израелски заложници се ослободени во Појасот Газа и дека се „на пат кон Израел“, како дел од договорот со Хамас.
Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Изадин ал-Касам, објави дека шесте заложници „се предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа“.
„Седмата група сега е целосно ослободена, откако претходно беа ослободени двајцата заложници“, соопштија милитантите.
Трипати повеќе палестински затвореници – деца, тинејџери и жени – сега треба да бидат ослободени од израелските затвори во следните часови, според условите на договорот.