Свет Советот на Европа

Шефот на Советот на Европа оди во Грузија поради тековните протести

Како земја членка на Советот на Европа од 1999 година, Грузија е обврзана да ги почитува своите основни обврски: демократија, заштита на човековите права и владеење на правото, рече Берсе

Шефот на Советот на Европа оди во Грузија поради тековните протести

Шефот на Советот на Европа, Ален Берсе денеска отпатува за Грузија поради тековните протести против владејачката партија Грузиски сон по нејзината еднострана одлука да ги одложи преговорите со Европската унија (ЕУ).

Демонстрантите, исто така, повикаа на нови избори по наводите за изборна измама за време на парламентарните избори во октомври, чии резултати опозицијата одби да ги признае поради обвинувањата дека Грузиски сон ги наместил изборите за да остане на власт.

Берсет во изјавата рече дека неговата посета имала за цел да потврди дали условите за продолжување на соработката меѓу континенталната организација за човекови права и грузиската влада сè уште се исполнети откако полицијата употребила прекумерно насилство врз мирните демонстранти. Безбедносните сили повеќе од три недели ги тераат демонстрантите, приведувајќи и ранувајќи десетици луѓе кои ја обвинуваат владата дека ја турка Грузија подалеку од ЕУ и поблиску до Русија.

-Како земја членка на Советот на Европа од 1999 година, Грузија е обврзана да ги почитува своите основни обврски: демократија, заштита на човековите права и владеење на правото, рече Берсе во изјавата објавена пред посетата.

„Во сегашниот тензичен и загрижувачки контекст, Советот на Европа ги повикува сите страни да избегнат каква било ескалација на тензиите. Ги повикува властите да се воздржат од непропорционална употреба на сила и да ги почитуваат основните слободи, особено слободата на изразување и собирање. Овие принципи се клучни за гарантирање на стабилноста на земјата и исполнување на очекувањата на грузискиот народ, рече Берсе.

На власт од 2012 година, партијата Грузиски сон беше основана од милијардерот и поранешен премиер Бидзина Иванишвили, познат по неговите пријателски односи со Русија. Откако владејачката партија Грузиски сон прогласи победа на изборите на 26 октомври за кои прозападната опозиција и грузиската претседателка Саломе Зурабишвили велат дека биле наместени со помош на Москва, протестите повторно се разгореа и се интензивираа откако владата соопшти дека ги прекинува разговорите со Брисел за кандидатурата на Грузија за влез во ЕУ до 2028 година.

To top