Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е шокиран од нивото на смртност во северниот дел на Газа, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик.
Притоа тој мисли на „цивилите заробени под урнатините, болните и ранетите кои остануваат без здравствена заштита што им ги спасува животите и семејствата без храна и засолниште“.
Израелските власти се уште не дозволуваат испорака на основни хуманитарни материјали, со неколку исклучоци, рече портпаролот на Гутереш.
Израел негира дека ја попречувал испораката на хуманитарна помош во Газа.
Гутереш денеска ги повтори повиците за „итен прекин на огнот во Газа и безусловно ослободување на заложниците.
– Уништувањето и лишувањето што произлегуваат од воените операции на Израел во Северна Газа ги прават условите за живот неодржливи за палестинското население таму. Овој конфликт продолжува да се води со мало почитување на барањата на меѓународното хуманитарно право, додаде Гутереш.
The devastation & deprivation resulting from Israel’s military operations in North Gaza are making the conditions of life untenable for the Palestinian population there.
This conflict continues to be waged with little regard for the requirements of international humanitarian…
— António Guterres (@antonioguterres) October 27, 2024