Свет бирол: најголема енергетска криза во историјата

Шефот на MAE: Актуелната криза со нафта е посериозна од кризите во 1973, 1979 и 2022 година заедно

Сегашната криза со нафтата и гасот предизвикана од блокадата на Ормускиот теснец „е посериозна од кризата во 1973, 1979 и 2022 година заедно“, изјави Фатих Бирол, шеф на Меѓународната агенција за енергија (MAE), за весникот „Ле Фигаро“.

-Светот никогаш не доживеал прекин на снабдувањето со енергија од ваков обем – вели тој во интервјуто за француски весник.

Тој додаде дека европските земји ќе бидат погодени, како и Јапонија, Австралија и други, но дека најранливи се земјите во развој, кои ќе страдаат поради повисоките цени на нафтата и гасот, повисоките цени на храната и општото забрзување на инфлацијата.

-Земјите членки на MAE минатиот месец се согласија да ослободат дел од своите стратешки резерви. Некои од нив веќе се пуштени на пазарот и процесот продолжува – рече Бирол.

Како реакција на нападите од Израел и САД, Иран речиси целосно го блокира сообраќајот во Ормускиот теснец, низ која нормално минуваат речиси 20 проценти од светската нафта и гас, што предизвика ненадејно зголемување на цените на енергијата.

Најнови вести од Свет

To top