Свет поддршка на ново примирје

Шефот на Хамас пристигна во Египет за да разговара за примирјето

Извор од Хамас вчера изјави дека лидерот на движењето ќе отпатува во Египет за да разговара со шефот на разузнавањето на земјата, Абас Камел, за прекин на огнот во Појасот Газа и размена на затвореници со Израел.

Шефот на Хамас пристигна во Египет за да разговара за примирјето

Лидерот на Хамас Исмаил Ханије денеска пристигна во Каиро на разговори за ситуацијата во Газа, објави палестинското исламистичко движење во момент кога од Хамас и Израел доаѓаат сигнали за поддршка на ново примирје во војната.

„Ханије пристигна во главниот град на Египет на разговори со египетските власти за развојот на ситуацијата поврзана со ционистичката агресија во Појасот Газа и за многу други прашања“, се вели во соопштението на Хамас.

Извор од Хамас вчера изјави дека лидерот на движењето ќе отпатува во Египет за да разговара со шефот на разузнавањето на земјата, Абас Камел, за прекин на огнот во Појасот Газа и размена на затвореници со Израел.

Израелскиот претседател Исак Херцог вчера пред група амбасадори од 80 земји изјави дека Израел е подготвен за втора пауза во конфликтот со Хамас во замена за ослободување на уште заложници од Појасот Газа.

За време на еднонеделното примирје на крајот на ноември беа ослободени 105 заложници, во замена за ослободување на 240 палестинки и малолетници од израелските затвори, јавуваат израелските медиуми.

Пред да пристигне во Каиро, Ханије се состана со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан во катарската престолнина Доха.

To top