Свет војна

Сеул и Вашингтон разговараат за можно префрлање на системи „Патриот“ за потребите на војната со Иран

Јужна Кореја и САД разговараат за можноста дел од американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ да бидат префрлени од Јужна Кореја за потребите на конфликтот со Иран, изјави јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Хјун.

Чо одговараше на прашања на парламентарно сослушување по медиумските извештаи дека делови од американскиот мобилен противвоздушен ракетен систем се преместени во воздухопловната база Осан од други локации во земјата.

Прашан дали Вашингтон планира во блиска иднина да ги премести системите „Патриот“ за да ги користи во конфликтот со Иран, Чо изјави дека не може да коментира такви информации. Тој нагласи дека Сеул досега не добил официјално барање од Вашингтон за воена помош, иако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека ќе прифати помош од која било држава во врска со конфликтот со Иран.

„Од причини поврзани со оперативната безбедност, не ги коментираме преместувањата, промените на локации или можните прераспоредувања на конкретни воени способности или средства“, соопштија Американските сили во Кореја.

Според медиумски извештаи кои се повикуваат на извори од јужнокорејската Влада, системите „Патриот“ се подготвуваат за евентуално прераспоредување на Блискиот Исток, за што американски воени транспортни авиони веќе слетале во базата „Осан“ за нивен транспорт.

Американските и израелските сили веќе седми ден изведуваат напади врз стратешки цели во Иран, како дел од воена кампања за која Трамп изјави дека има цел да ги уништи иранските нуклеарни способности и балистички ракети.

Во Јужна Кореја е стационирано значително американско воено присуство како дел од заедничката одбрана од Северна Кореја, со околу 28.500 војници и системи за противвоздушна одбрана, меѓу кои и ракетите „Патриот“.

To top