Свет изјава

Саар: Израел нема планови за разговори со либанската Влада

Шефот на израелската дипломатија, Гидеон Саар, изјави дека владата не планира во следните денови да одржи директни разговори со Либан и не им кажала на САД дека нивните залихи од пресретнувачи се намалуваат, објавија британските медиуми.

Израелскиот весник „Хаарец“ вчера објави дека се очекува Израел и Либан во следните денови да одржат директни разговори.

„Семафор“ исто така објави дека Израел го информирал Вашингтон дека нивните залихи од пресретнувачи се на критично мало ниво.

Запрашан за двете теми, Саар рече: „Одговорот на двете прашања е не“.

To top