Свет изјава

Руте повика на „ефикасни безбедносни гаранции“ за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вети континуирана поддршка од алијансата за Украина на четвртата годишнина од инвазијата на Русија, која почна на 24 февруари 2022 година.

Руте повика на „ефикасни безбедносни гаранции“ за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вети континуирана поддршка од алијансата за Украина на четвртата годишнина од инвазијата на Русија, која почна на 24 февруари 2022 година.

– НАТО стоеше покрај Украина од почетокот. Стоиме со вас денес и ќе стоиме со вас низ сите предизвици што претстојат – изјави денеска Руте во седиштето на алијансата во Брисел.

– Од императивно значење е Украина да продолжи да ја добива воената, финансиската и хуманитарната помош што ѝ е потребна – рече тој.

Руте истакна дека воената помош, вклучително и онаа за противвоздушна одбрана, е „суштинска“, но додаде дека „на Украина ѝ треба повеќе“.

– Бидејќи само ветувањето за помош не ја завршува војната. На Украина ѝ треба муниција денес, и секој ден, сè додека не престане крвопролевањето – нагласи тој.

Шефот на НАТО, исто така, ги повика сојузниците да се обврзат да обезбедат мир во Украина откако ќе престанат борбите, пренесе ДПА.

– Кога борбите конечно ќе престанат, мирот мора да се одржи. Со силни украински сили подготвени да одвратат и да се одбранат, и со ефикасни безбедносни гаранции од партнерите на Украина: Европа, Канада и Соединетите Американски Држави – рече тој.

– Украинскиот народ заслужува праведен и траен мир. Нивната безбедност е наша безбедност. Не може да има вистински мир во Европа без вистински мир во Украина – заклучи генералниот секретар на НАТО.

To top