Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска соопшти дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за последните руски напади врз Украина, кои предизвикаа масовни прекини на електричната енергија во земјата.
– Разговарав со Зеленски за енергетската ситуација во Украина, каде што руските напади предизвикаа ужасно човечко страдање, како и за тековните напори за ставање крај на војната, напиша Руте на X.
Тој додаде дека сојузниците се посветени на обезбедување континуирана испорака на клучна помош за Украина „со цел да се одбрани денес и на крајот да обезбеди траен мир“.