Свет

Руската Белгородска област затвори училишта и трговски центри поради „масовен“ украински напад со дронови

Гладков ги повика сите родители на ученици да ги остават своите деца дома.

Руската Белгородска област затвори училишта и трговски центри поради „масовен“ украински напад со дронови

Училиштата и трговските центри во руската Белгородска област утрово се затворени поради украински напад со дронови, кој гувернерот на областа Вјачеслав Гладков го нарече „масовен“.

Тој на Телеграм информира дека во нападот е повреден еден цивил.

Гладков ги повика сите родители на ученици да ги остават своите деца дома.

Во текот на ноќта руската противвоздушна одбрана над Белгородската област уништила пет украински дронови, соопшти руското Министерство за одбрана.

Вкупниот број на соборени украински беспилотни летала од руските сили е 17, информираше Министерството. (МИА)

To top