Американскиот државен секретар Марко Рубио се сретна со финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен, за време на нејзината посета на Вашингтон, со која разговараше за европската безбедност, ситуацијата во Украина и билатералните односи меѓу двете земји, соопшти Стејт департментот.
Рубио нагласи дека го цени придонесот на Финска за европската безбедност и одлуката на земјата да ги зголеми трошоците за одбрана, се вели во соопштението на Стејт департментот.
За време на разговорот, американскиот државен секретар ја истакна и одлучноста на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне траен мир во Украина и ја поздрави поддршката на Финска за постигнување на таа цел.