Свет Кигали

Руанда одбележува 30 години од геноцидот

Кагаме запали меморијален оган и положи венец на споменикот каде лежат посмртните останки на 250.000 жртви на геноцидот во Кигали.

Руанда одбележува 30 години од геноцидот

Жителите на Руанда одбележуваат 30 години од геноцидот, во кој околу 800 илјади луѓе беа убиени од екстремисти поддржани од владата, објавија американските медиуми.

Настаните ја потресоа малата источноафриканска земја, која продолжува да се бори со ужасното наследство од масакрот до денес.

Руанда покажа силен економски раст во изминатите години, но лузните остануваат и сè уште има прашања за тоа дали е постигнато вистинско помирување под долгото владеење на претседателот Пол Кагаме, чие бунтовничко движење го запре геноцидот и ја презеде власта.

Кагаме, пофален од многумина за донесување релативна стабилност, но навреден од други за неговата нетрпеливост кон неговите противници, претседаваше со комеморативните настани денеска во главниот град Кигали. Меѓу странските гости беа и делегација предводена од Бил Клинтон, американски претседател во времето на геноцидот, и израелскиот претседател, Јицак Херцог.

Кагаме запали меморијален оган и положи венец на споменикот каде лежат посмртните останки на 250.000 жртви на геноцидот во Кигали.

Масовните убиства започнаа откако авионот со тогашниот претседател Јувенал Хабјаримана, претставник на локалната етничка заедница Хуту, беше соборен над главниот град во 1994 година. Друга локална етничка заедница, Тутси, беше обвинета за соборување на машината и убиство на претседателот, а нејзините претставници станаа цел на масовни убиства предводени од екстремистите Хуту. Масакрите траеја над 100 дена. Убиени се и некои умерени Хуту кои се обиделе да го заштитат малцинството Тутси.

Властите во Руанда долго време ја обвинуваат меѓународната заедница дека ги игнорира предупредувањата за убиствата, а некои западни лидери изразија жалење што не интервенирале.

To top