Романското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека во врска со целосното влегување на земјата во Шенген зоната, од почетокот на следната година ќе престанат да работат 30 гранични премини со другите земји-членки на ЕУ.
Како што јави романскиот портал Диги24, Министерството соопшти дека од 1 јануари 2025 година земјата ќе ги затвори копнените премини на границата со Унгарија и Бугарија.
Како што е најавено, останува можноста за проверки по случаен избор на документи на границите.