Свет Си-Ен-Ен

Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154 – за победа потребно се 218

За победа потребно е да се освојат 218 од вкупно 435 места.

Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154 – за победа потребно се 218

Републиканската партија според досегашните проекции освои 190 места во Претставничкиот дом на САД, додека Демократската партија освои 154, јави Си-Ен-Ен.

За победа потребно е да се освојат 218 од вкупно 435 места. Која политичка партија ќе го контролира Домот или Сенатот, ќе биде од клучно значење за новиот претседател да ја спроведе својата законодавна агенда.

Републиканците во Претставничкиот дом го бранат тесното мнозинство, кое го освоија во 2022 година главно благодарение на победата во „сините држави“ како Њујорк и Калифорнија. (МИА)

To top