Свет за шест месеци

Рекордни 13.489 пожари во Амазонската прашума

Бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) од 1998 година ги следи пожарите во Амазон. Најголем број пожари од јануари до јуни е забележан во 2003 година, кога се регистрирани 17.143 и во 2004 година, кога имало 17.340 пожари.

Рекордни 13.489 пожари во Амазонската прашума

Во првите шест месеци од годинава во Амазонската прашума во Бразил регистрирани се 13.489 пожари, покажуваат сателитските податоци.

Тоа е зголемување од 61 процент во споредба со истиот период минатата година и е најлоша бројка во изминатите 20 години.

Бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) од 1998 година ги следи пожарите во Амазон. Најголем број пожари од јануари до јуни е забележан во 2003 година, кога се регистрирани 17.143 и во 2004 година, кога имало 17.340 пожари.

Според податоците на ИНПЕ, во периодот од 1 јануари до 21 јуни годинава површината изложена на уништување на шумите е намалена за 42 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.

Бројот на пожари достигна рекордно ниво и во два други екосистеми јужно од Амазон: мочуриштето Пантанал и саваната Серадо, која најмногу се наоѓа во Бразил.

Во Пантанал, дом на милиони кајмани, папагали, џиновски видри и најголема концентрација на јагуари, во првите шест месеци од годинава забележани се 3.538 пожари што е зголемување за повеќе од 2.000 отсто во споредба со лани. Вкупниот број на пожари е за 40 проценти поголем од 2020 година, што е рекордна година за шумски пожари во тој регион. Само во јуни се регистрирани 2.639 пожари, што е шестпати поголема бројка досега.

Ситуацијата е загрижувачка затоа што врвот на сезоната на шумски пожари вообичаено е во втората половина од годината, особено во септември.

Сојузната држава Мато Гросо, каде се наоѓа најголемиот дел од Пантанал, прогласи вонредна состојба минатата недела, а властите најавија дека ќе пристигнат пожарникари од други региони за да помогнат во гаснењето на пожарите.

Серадо, заедно со африканската и австралиската савана, е една од трите големи савани на Земјата, се соочи со 13.229 пожари од јануари до јуни, речиси колку и Амазонската прашума.

Серадо покрива област со големина на Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија заедно.

Најнови вести од Свет

To top