На судијата на Вишиот кривичен суд и новоименуван главен државен обвинител на Република Хрватска, Иван Турудиќ, му било пукано со огнено оружје во неговиот личен автомобил, неофицијално дознава Јутарњи лист.
Според информациите потврдени за Јутарњи лист од повеќе извори, засега не се знае кој и кога пукал во неговото возило.
Имено, се тврди дека Турудиќ забележал дупка во автомобилот и не знаејќи како настанала дупката, ја однел на сервис.
А потоа автомеханичарите пронашле куршум во возилото, па станало јасно дека некој пукал во неговото возило. Во автомобилот биле пронајдени неколку куршуми.
Потсетуваме, хрватскиот Сабор го избра Иван Турудиќ за нов главен државен обвинител по големиот скандал и противење на опозицијата во Хрватска.
Турудиќ со денови беше во центарот на аферата откако беа објавени пораките што ги размени со Јосип Римац, кој своевремено важеше за многу моќен член на ХДЗ. Дел од пораките кои Турудиќ ги разменил со Римац се објавени во хрватските медиуми.
„Ди си радости“, му напишала на Римац Турудиќ, а неговите одговори гласеле „Ди си липа“, што е преписка која набрзо станала вирална и причина за дискусиите што следеле.