Првата група израелски заложници сега се со персоналот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и се во амбулантни возила на пат од Кан Јунис во јужна Газа до преминот Рафа во Израел, изјави израелски официјален претставник.
Ослободувањето на 13 заложници, мајки и деца, е првата од четирите фази. Хамас се согласи да ослободи околу 50 заложници во текот на четирите дена од примирјето со Израел – сите деца, мајки и други жени.
Ослободените заложници се само мала група од околу 240 што ги држат терористите од Газа.
Израел треба да ослободи 150 палестински затвореници кои се држат за терористички дела, сите жени и малолетни, во замена за 50-те Израелци. Денеска ќе ослободи 39 за првите 13 израелски заложници.