Свет Собрание

Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер

Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.

Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.

Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.

To top