Свет

Продолжуваат иранските напади врз заливските држави

Две пристаништа во Кувајт се оштетени во сомнителни ирански напади, пренесе ДПА повикувајќи се на официјални извештаи.

Продолжуваат иранските напади врз заливските држави

Две пристаништа во Кувајт се оштетени во сомнителни ирански напади, пренесе ДПА повикувајќи се на официјални извештаи.

Вооружените сили на Кувајт денеска на Х објавија дека пристаништата Мубарак ал-Кабир и Шувајх биле погодени од крстосувачка ракета и четири дрона рано изутрината. Нема извештаи за повредени. Во соопштението се додава дека биле пресретнати четири „непријателски“ крстосувачки ракети и три дрона. Не е јасно дали пристаништата се оштетени од директни погодоци или за време на одбранбените мерки.

Саудиска Арабија исто така извести за напади, вклучително и врз главниот град Ријад, кои биле одбиени. Вкупно 16 дронови и две ракети биле пресретнати. Вооружените сили на земјата соопштија дека дополнителни четири ракети паднале во морето и во ненаселени подрачја.

Обединетите Арапски Емирати и Бахреин исто така соопштија за напади во кои биле соборени дронови и ракети, се вели во посебни соопштенија.

To top