Наследникот на британскиот престол покажува одлучност во семејните кризи, додека се засилуваат повиците за „помала“ и пореформирана монархија.
Принцот Вилијам, принц од Велс сè почесто се опишува како одлучен и непопустлив лидер кој е подготвен да повлече јасна линија кога станува збор за угледот на монархијата.
Иако со години важеше за воздржан наследник, британските медиуми наведуваат дека зад јавната смиреност стои цврст карактер.Кризата поврзана со неговиот чичко, Принц Ендру, војвода од Јорк, особено по интервјуто за BBC во 2019 година за случајот со Џефри Епштајн, дополнително ја продлабочи дебатата за иднината на кралското семејство.
Според извори блиски до дворецот, принцот Вилијам смета дека Ендру не треба да има јавна улога во семејството. Односите со неговиот брат, Принц Хари, војвода од Сасекс, исто така остануваат затегнати. По повлекувањето на принцот Хари од кралските должности и јавните обвинувања кон семејството, принцот Вилијам наводно не е подготвен на целосно помирување.
Во јавноста повторно се актуелизира идејата за „помала монархија“ — модел во кој официјалните улоги би биле ограничени на кралот, наследникот и нивното потесно семејство.
Во такво сценарио, фокусот би бил ставен на принцот Вилијам, неговата сопруга Кетрин, принцеза од Велс и нивните деца, со цел обновување на довербата во институцијата. Аналитичарите оценуваат дека токму принцот Вилијам би можел да биде клучната фигура во спроведувањето на овие реформи и во обликувањето на модерна и пофункционална британска монархија.