Граничната управа на Газа штотуку објави дека е отворен преминот Рафа меѓу Египет и Газа.
На странците и на лицата со двојно државјанство на египетско-израелската листа за излез ќе им биде дозволено да ја напуштат Газа преку преминот. Египќаните чии имиња беа вклучени во неодамнешните списоци на 1 ноември повикани се веднаш да се упатат кон преминот.
Надлежните нагласија дека нема да им биде дозволено да преминат оние чии имиња не се на списоците што ги обезбеди египетската страна. (МИА)