Свет Политико

Премиерите на четири земји од ЕУ повикаа на прекин на огнот во Газа

Целта треба да биде договор за „јасен и цврст став на ОН“, му напишаа тие на Мишел. 

Премиерите на четири земји од ЕУ повикаа на прекин на огнот во Газа

Премиерите на Шпанија, Белгија, Ирска и Малта го повикаа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел да започне „сериозна дебата“ оваа недела за конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа, судејќи по писмото во кое увид имаше бриселскиот портал Политико.

„Мораме итно да ги повикаме сите страни да прогласат траен хуманитарен прекин на огнот што може да доведе до прекин на непријателствата. Време е Европската унија да дејствува. Нашиот кредибилитет е загрозен“, напишаа четворицата лидери.

Иако се планира самитот на Европскиот совет оваа недела да биде повеќе фокусиран на Украина, премиерите, имајќи го предвид обемот на уништувањето на Блискиот Исток, оценија дека е нивен „императив да се одржи сериозна дебата за војната“ во Газа на тој состанок.

Целта треба да биде договор за „јасен и цврст став на ОН“, му напишаа тие на Мишел.  (МИА)

Поврзани теми

To top