Свет Причината за пожарот не е соопштена

Пожар во мотел во Романија, едно лице загина, двајца хоспитализирани

Девет лица успеале да избегаат од пожарот, двајца се пренесени во болница, а единствената жртва останала заробена во зградата и подоцна била констатирана смрт, се вели во соопштението. Причината за пожарот не е соопштена.

Пожар во мотел во Романија, едно лице загина, двајца хоспитализирани

Во пожар што утринава избувна во мотел во централна Романија, едно лице загина, а две се хоспитализирани, соопштија локалните власти.

Десет лица престојувале во мотел во градот Калиманести, во областа Валчеа, соопшти Одделот за вонредни ситуации на ДСУ.

Девет лица успеале да избегаат од пожарот, двајца се пренесени во болница, а единствената жртва останала заробена во зградата и подоцна била констатирана смрт, се вели во соопштението. Причината за пожарот не е соопштена.

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа во пожар што избувна во друг мотел во Романија на крајот на декември минатата година.

Најнови вести од Свет

To top