Свет Повеќе од 100 евакуирани

Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес

Досега околу 50 лица добиле лекарска помош на самото место поради вдишување чад, а само едно лице морало да биде хоспитализирано

Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес

Повеќе од 100 луѓе се евакуирани од зграда со 54 ката во Буенос Аирес откако изби голем пожар.

Пожарот избувнал на 11-от кат од кулата Реноар 2, која е една од највисоките згради во главниот град на Аргентина и се наоѓа во областа Пуерто Мадеро.

Досега околу 50 лица добиле лекарска помош на самото место поради вдишување чад, а само едно лице морало да биде хоспитализирано

Пожарникарите вршат увид и сè уште не се знае дали има луѓе на катовите над пожарот. (МИА)

To top