Извештаите тврдат дека 30 тела се пронајдени закопани и со врзани очи во игралиштето на училиште во северниот дел на Газа, а некои го обвинуваат Израел за масовна „егзекуција“.
Денеска, палестинското Министерство за надворешни работи повика меѓународен тим да ги истражи извештаите, повикувајќи се на сведоштвата на Палестинците кои велат дека пронашле повеќе од 30 тела во фаза на распаѓање.
-Тие беа убиени со врзани очи и со врзани раце, како јасен доказ дека се егзекутирани, тврдат од Министерството.
Министерството верува дека откривањето на оваа масовна гробница во оваа брутална форма го одразува обемот на трагедијата на која се изложени палестинските цивили.
Израел допрва ќе ги коментира овие тврдења.