Свет Светска програма за храна

Повеќе од 40 милиони луѓе се соочуваат со несигурно снабдување со храна во Западна и Централна Африка

Според последниот извештај, 3,4 милиони луѓе во моментов се соочуваат со „вонредни нивоа на глад“ во регионот, што претставува зголемување од 70 отсто на такви случаи од летото.

Повеќе од 40 милиони луѓе се соочуваат со несигурно снабдување со храна во Западна и Централна Африка

Повеќе од 40 милиони луѓе во моментов се соочуваат со несигурно снабдување со храна во Западна и Централна Африка, а тој број ќе се зголеми на 52 милиони до средината на следната година, соопшти денеска Светската програма за храна.

Според последниот извештај, 3,4 милиони луѓе во моментов се соочуваат со „вонредни нивоа на глад“ во регионот, што претставува зголемување од 70 отсто на такви случаи од летото.

Се наведува дека конфликтите, раселувањето, економската нестабилност и тешките климатски шокови предизвикуваат несигурност во снабдувањето со храна. (МИА)

To top