Свет

Последна овогодишна сесија на Европарламентот

Декемврискиот Самит на ЕУ предвиден за 18 и 19 декември, постепено укинување на увозот на руски природен гас и плановите за зајакнување на европската одбрана ќе бидат главни теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Во рамките на оваа последна сесија на ЕП оваа година ќе биде доделена и наградата за слобода на мислата „Сахаров“ за 2025.

Последна овогодишна сесија на Европарламентот

Декемврискиот Самит на ЕУ предвиден за 18 и 19 декември, постепено укинување на увозот на руски природен гас и плановите за зајакнување на европската одбрана ќе бидат главни теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Во рамките на оваа последна сесија на ЕП оваа година ќе биде доделена и наградата за слобода на мислата „Сахаров“ за 2025.

Седницата ќе започне со дебата за иницијативата за покренување амбициозна европска акција против трговијата со дрога, по што ќе се расправа и за влијанието на актуелната геополитичка ситуација врз европските пациенти и нивниот пристап до лекови, како и за односите меѓу ЕУ и Саудиска Арабија.

Европратениците ќе дебатираат и за стимулација на инвестициите во одбраната со цел спроведување на Планот „Ревооружување на Европа“, насочени кон зајакнување на одбранбената технолошка и индустриска база на Европа, како и за измени на одредени регулативи од Заедничката земјоделска политика (ЗЗП), меѓу кои и оние поврзани со директните субвенции, поттикнување на руралниот развој, зајакнување на контролите и измени на казните.

Седницата утре ќе започне со дебата посветена на Предлог-законот за постепено укинување на увозот на руски природен гас во ЕУ, чија цел е зајакнување на енергетската безбедност и ослободување од енергетската зависност на Унијата. По Предлог-законот европратениците треба да се изјаснат в среда.

Утре на пладне ќе се одржи свеченоста на доделување на овогодишната Награда за слобода на мислата „Сахаров“ на белорускиот новинар Анджеј Поцобут и грузиската новинарка Мзија Амаглобели. Наградата на лауреатите ќе им ги врачи претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола

По церемонијата во терминот предвиден за гласање, европратениците, меѓу другото, ќе се изјаснат и за Билатералната заштитна клаузула на Договорот за партнерство меѓу ЕУ и Меркосур, за Привремениот трговски договор меѓу ЕУ и Меркосур за земјоделски производи, за поттикнување на инвестициите поврзани со одбраната, за измени на регулативите поврзани со Заедничката земјоделска политика (ЗЗП), како и за одземање на пратеничкиот имунитет на европратеничките Елизабета Гуалмини и Алесандра Морети.

На попладневното продолжение на заседанието ќе се дебатира по извештаите за воена мобилност во ЕУ и за „подготовка на европската одбрана за каква било потенцијална руска агресија“, по кои ќе се гласа в среда.

Во продолжение европратениците ќе расправаат и за Европскиот план за прифатливо домување, за пакетот реформи во автомобилскиот сектор, за Планот на ЕУ за кардиоваскуларно здравје, за граѓанската иницијатива „Мојот глас, мојот избор: за безбеден и достапен абортус“, за „неодамнешните случување во Палестина и Либан“, за белоруските хибридни напади врз Литванија и за влијанието на дигитализација, вештачка интелигенција и алгоритамско управување врз иднината на работните места.

Клучната дебата на овонеделната парламентарна дебата посветена на подготовка на Самитот на ЕУ закажан за 18 и 19 декември ќе се одржи в среда претпладне. Во рамки на дебатата европратениците со претставници на Европската комисија и на Данското претседателство на Советот на ЕУ ќе разменат мислења за клучните теми на Самитот поврзани со поддршката на Украина, трансатлантските односи и стратешката автономија на Унијата.

Во терминот за гласање в среда, покрај за на Предлог-законот за постепено укинување на увозот на руски природен гас во ЕУ и за извештаите за воена мобилност во ЕУ и за подготовка на европската одбрана за каква било потенцијална руска агресија, европратениците, меѓу другото, ќе гласаат и за измена на Регулативата за дефорестација, за извештајот „Дигитализација, вештачка интелигенција и алгоритамско управување на работното место – обликување на иднината на работата“ и за прифаќање на Европската граѓанска иницијатива „Мојот глас, мојот избор: за безбеден и достапен абортус“.

Во среда попладне ќе се одржи тематска дебата на иницијатива на пратеничката група на Прогресивната алијанска на социјалистите и демократите (СД) за борба против дискриминацијата во ЕУ и за имплементации на режимот на условеност на владеењето на правото.

По ова ќе следат дебати за „случаите на проруска шпионажа во Европскиот парламент“ и за состојбите во Грузија, Азербејџан, Нигерија и Гвинеја.

На последниот ден од оваа сесија, в четврток, европратениците ќе расправаат за 30-годишнина од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, за улогата на онлајн платформите во странско мешање и ширењето дезинформации и за „Драматичниот глобален пораст на насилни напади врз хуманитарните работници и новинарите“.

To top