Свет Тајван

Поради тајфунот „Кратон“ евакуирани 4.000 лица

Речиси 200 луѓе во југозападниот град Таинан и повеќе од 800 жители на јужниот дел на округот Пингтунг, исто така, беа евакуирани.

Поради тајфунот „Кратон“ евакуирани 4.000 лица

Околу 4.000 луѓе се евакуирани во Тајван поради тајфунот „Кратон“, кој донесе силен ветер и обилни врнежи. Во изминатите четири дена, најмалку 93 сантиметри дожд паднаа во крајбрежната област Таитунг, а 29 сантиметри паднаа во пристанишниот град Каосиунг пред тајфунот „Кратон“.

Тајфунот, кој генерира ветрови со брзина од 209 километри на час, се очекува утре наутро да стигне до густо населениот западен брег на Тајван, соопшти Централната метеоролошка управа.

Тајфуните ретко се случуваат на западниот брег на Тајван, наместо тоа често ја погодуваат планинската, источна страна на островот.

Властите ги затворија училиштата и владините канцеларии низ островот и ги откажаа сите локални летови.

Во источниот дел на округот Хуалиен, повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од населбите подложни на свлечишта.

Речиси 200 луѓе во југозападниот град Таинан и повеќе од 800 жители на јужниот дел на округот Пингтунг, исто така, беа евакуирани.

Утринава центарот на тајфунот беше на околу 130 километри југозападно од Каосиунг, движејќи се североисточно со брзина од околу осум километри на час. Градоначалникот на Каосиунг, Чен Чимаи, претходно ги предупреди жителите да не се приближуваат до областите подложни на поплави и лизгање на земјиштето во близина на реки, мориња и планини.

Тој го спореди интензитетот на „Кратон“ со тајфунот „Телма“, кој го опустоши Каосиунг во 1977 година и уби 37 луѓе. Во Каосиунг, повеќето продавници и ресторани се затворени втор ден по ред. Речиси 40.000 војници се подготвени за да помогнат во спасувањето. Тајфунот ги погоди северните филипински острови во понеделникот, при што загинаа четири лица, а најмалку 5.000 се евакуирани, соопштија властите.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top