Свет Осудените лица мора да бидат одведени во затвор

Полска: Туск го обвини Дуда за попречување на правдата

Откако денеска во палатата на полскиот претседател Анджеј Дуда беа видени двајца политичари кои треба да отслужуваат затворска казна, полскиот премиер Доналд Туск го обвини претседателот за попречување на правдата.

Полска: Туск го обвини Дуда за попречување на правдата

Туск предупреди дека и Дуда и лидерот на националистичката партија Право и Правда (ПиС) Јарослав Качински би можеле да бидат одговорни за попречување на правдата.

– Ситуацијата е неверојатна. Осудените лица мора да бидат одведени во затвор, но тие избраа друго, поудобно место – претседателската палата, рече Туск.

Неколку недели откако ПиС дојде на власт во 2015 година, Дуда издаде помилување за Мариуш Камински, кој беше осуден за злоупотреба на политичко влијание, дозволувајќи му да стане министер за внатрешни работи.

Полските правници тогаш се прашуваа како Дуда може да донесе одлука за помилување пред конечната одлука на апелациониот суд.

Во постапката пред апелациониот суд беше одлучено случајот повторно да се отвори и во декември минатата година Камински и неговиот заменик Мациеј Васик беа осудени на две години затвор за злоупотреба на политички овластувања.

Најнови вести од Свет

To top