Свет целта е годишно да има 100.000 доброволци

Полска ќе спроведе програма за доброволна воена обука

Полска ќе спроведе програма за доброволна воена обука

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Владата сака да започне нова програма за доброволна воена обука почнувајќи од идната година.

Целта на програмата е годишно да се обучуваат 100.000 доброволци.

„Најважната цел за нас е секој кој е заинтересиран за обука да може да учествува во неа најдоцна до 2026 година. Тоа е тешка задача, но знам дека е изводлива“, рече Туск пред седницата на полската Влада.

To top