Свет сообраќајна несреќа

Поднесено обвинение против поранешниот хрватски министер Баножиќ

Обвинетиот се товари дека возел со несоодветна брзина и дека почнал да престигнува група возила, односно преминал на левата страна на улицата наменета за сообраќај од спротивен правец, иако поради маглата била намалена видливоста, се вели во соопштението на обвинителството.

Поднесено обвинение против поранешниот хрватски министер Баножиќ

Обвинителството во Винковци денеска поднесе обвинителен акт против поранешниот хрватски министер, Марио Баножиќ (45), неполни пет месеци по покренувањето на истрагата и речиси половина година од сообраќајната несреќа во која животот го загуби Горан Шариќ на 11 ноември минатата година.

Според Јутарњи лист, обвинетиот Баножиќ бил во близина на Винковци, а на пат кон ловиштето, возел автомобил Нисан по десната сообраќајна лента, надвор од населеното место од правец на Винковци кон Жупања и постапил спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот, наведе обвинителството.

-Обвинетиот се товари дека возел со несоодветна брзина и дека почнал да престигнува група возила, односно преминал на левата страна на улицата наменета за сообраќај од спротивен правец, иако поради маглата била намалена видливоста. Тој е обвинет дека почнал да престигнува иако сообраќајната лента не била слободна на доволно растојание за да може безбедно да претекнува, имајќи ја предвид брзината на неговото возило и возилото што го престигнувал, се вели во соопштението на обвинителството.

Според извештаите, во текот на истрагата биле сослушани десетина сведоци и извршени неколку вештачења.

Најнови вести од Свет

To top