Сандра Деј О’Конор, првата жена која служела во Врховниот суд на САД, и тоа во најклучните моменти од американското правосудство, почина денеска на возраст од 93 години.
Врховниот суд на САД е еден од трите основни столба на државата, извршниот, законодавнит и судскиот. Кога таа служела на функцијата, во својот клучен судот бил нарекуван „О’Конор суд“, а судијката била окарактеризирана како најмоќната жена во Америка, пишува весникот Њујорк тајмс.
Судот е составен од девет членови, таа никогаш не претседавала со него, но многу од прашањата што предизвзикуваа расправи во американското општество беа решавани под ницијатива на О’Конор. Некои од тие се позитивната дискриминација, гласачките права, религијата, федерализмот, половата дискриминација и другу жешки предмети.
О’Конор била именувана за член на Врховниот суд во 1981 година од поранешниот претседател Роналд Реган, како дел од неговото кампањско ветување да постави жена во еден најважните државни органи на САД.
Претходно била судијка од Аризона. Во Врховниот суд служела 24 години и се пензионирала во 2006 година.
-Кога судот во тој период се помести кон десницата, нејзиниот благ конзервативизам изгледаше како да е поврзан со либералите, напиша веснкот.
Веднаш по заминувањето таа се пожали дека со доаѓањето на нејзиниот наследник, поконзервативниот судија Семјуел А. Алито помладиот, некои од нејзините најглавни ставови биле „демонтирани“.
-Сепак, таа никогаш не се опишуваше како „либерал“, пишува весникот. (МИА)