Турскиот муслимански проповедник Фетула Ѓулен починал во Пенсилванија, каде што живееше, објавија турските медиуми и веб-страницата поврзана со Ѓулен.
Ѓулен за кого Анкара тврдеше дека стои зад неуспешниот пуч во 2016 година, имаше 83 години.
Изградил силно исламско движење во Турција и пошироко, но последните години од својот живот ги помина соочувајќи се со обвинувања дека организирал обид за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган- Ѓулен пак негираше.
Веб-страницата Херкулес, која ги објавува проповедите на Ѓулен, на својот Х профил објави дека Ѓулен починал во неделата вечерта во болницата каде што бил на лекување.